Витаминка на саемот во Шангај

Барајќи нови можности за проширување на пазарите, Витаминка своите производи ги изложи на најважното случување во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ, во Кина. На трите саемски дена, исполнети со бројни случувања во насока на унапредување на продажбата и презентацијата, Витаминка уште еднаш успеа да се претстави со квалитет, препознатливост и идентитет на Стоби флипс, Цевитана, Атлантис и останатите брендови. Витаминка, веќе неколку пати има направено испораки на производи во Кина.

 

„Втора година сме присутни на овој саем затоа што нуди премногу можности и во однос на самиот кинески пазар, којшто со бројки ги надминува сите останати, но исто така и во однос на саемските случувања, она што им се нуди на учесниците и концентрацијата на присутни учесници од другите сродни индустрии. Во досегашното наше искуство со СИАЛ, Шангај, истото два пати ни се потврдило и затоа многу сме посветени на ова саемско претставување и секогаш изложувањето ни е проследено со иновативна и креативна презентација, како би се издвоиле и истакнале“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор Извоз во Витаминка.

 

Витаминка е редовно застапена на саемските манифестации низ целиот свет, каде со воспоставување на директен контакт со дистрибутери, ланци на маркети но исто така и со самите потрошувачи, отвора нови пазари и го лоцира клучниот чекор во развојната стратегија на компанијата.

 

СИАЛ се одржува во кинеската финансиска и економска престолнина, Шангај и претставува најголем саем во Азија и четвртата најголема изложба на иновации во прехранбената индустрија во светот. Бројките за оваа година ги надминуваат сите останати со 3 400 изложувачи, од приближно 70 земји и 110 000 професионалци од индустријата присутни на саемот.

 

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка со поддршка за „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант.