Витаминка генерален спонзор на FMCG

Со цел да ја унапредиме нашата работа, да ги поттикнеме промените во секторот каде што работиме и оваа година сме посветени поддржувачи на четвртиот годишен самит на FMCG (Fast-moving consumer goods).

Главната тема на годинешното издание на самитот беше дигитализацијата како нов предизвик за компаниите. Во таа насока, своите знаења и искуства пред повеќе од 300 професионалци од средниот и топ менаџментот на македонските компании, ги споделија десет говорници, истакнати професионалци од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка (FMCG) од Македонија, регионот, како и од Русија.

 

Сите тие даваа одговори на прашања како, дали разбираме како иновациите, дигитализацијата и големите бази на податоци влијаат врз работењето, како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот и како да се пронајде формулата за успех на пазарот?

Заклучок од самитот беше дека индустријата за трговија со стока за широка потрошувачка треба да се подготви за промени, а можните начини како компаниите да ги имплементираат овие промени беше презентиран од предавачите на самитот за ФМЦГ.

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.

Наумоски почесен претседател

Претседателот на Одборот на директори на Витаминка Симон Наумоски е назначен за почесен претседател на УО на регионална канцеларија на Стопанската комора во Прилеп.

Финансиска помош за херојот Марко

Витаминка АД Прилеп издвои финансиска помош за подобри резултати на 12 годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро.