Донација за прилепската болница

Општата болница во Прилеп „Борка Талески“ доби нов оперативен стол, заедничка донација од „Витаминка“ и „Прилепска пиварница“ во вредност од 12.500 евра.
 
Оперативниот стол е наменет за Одделението за офталмологија и станува збор за неопходна опрема со мултифункционални перформанси. Двете најголеми прилепски компании се обединија во хуманиот гест да го снабдат ова одделение со нова и мултифункционална опрема и уште еднаш на дело да ја покажат својата општествена одговорност.
 
Како компании и како граѓани на Прилеп треба да бидеме свесни за улогата што ја имаме во заедницата и одговорноста што ја носиме како стопански субјекти што потекнуваат пред сè од овој град. Доколку се раководиме од овој мотив, многу состојби може да бидат променети на подобро. Донацијата воедно е манифестација на нашата континуирана грижа за заедницата каде работиме и потребите на нашите сограѓани.
 
Оперативниот стол е набавен од реномирана компанија, производител на специјализирана медицинска опрема и исполнува една од поголемите потреби на офталмолошкото одделение.
 

Стикери за Viber

Витаминка создаде свои Viber стикери за брендовите Стоби Флипс и Чоко Стоби Флипс.

Студенти од Прилеп во Витаминка

Студентите практично се запознаа со дел од активностите на синџирите на снабдување на производите коишто ги нуди нашата компанија.

Најмладите во посета кај нас

Триесетина дечиња од детската градинка „Наша иднина“ од Прилеп ја посетија „Витаминка“.