Холандски студенти во Витаминка

Оваа недела Витаминка ја посетија студенти од Универзитетот Гетиде во Холандија кои пред Претседателот на Одбор на директори на Витаминка, Симон Наумоски, директорот на Извоз, Љупчо Велески и шеф во Извоз, Петар Стојковски го презентираа изготвениот проект за продажба на наши производи на холандскиот пазар.
 
По извршената дегустација на дел од производната палета на Витаминка пред неполни два месеци, тие селектираа неколку артикли за иден пласман на нивниот пазар, заклучувајќи дека производите на Витаминка се со висок и стандардно добар квалитет. Потпишаниот договор за соработка претставува добра можност за Витаминка за пробив и освојување на холандскиот пазар.
 

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Витаминка со поддршка за „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант.

Витаминка на саемот СИАЛ во Париз

Македонската компанија Витаминка е дел од најголемиот светски саем за храна СИАЛ Париз 2018.