Средношколска посета на Витаминка

Ученици од трета година, профил - Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“.

Директорот на сектор Контрола на квалитет Натали Петреска и шефот на Хемиската лабораторија Олга Ристеска, ги запознаа учениците со работата на лабораторијата и мерните инструменти. Учениците имаа можност да видат неколку испитувања за квалитетот на некои полупроизводи што редовно се испитуваат во лабораторијата. Ваквиот начин на контрола на полупроизводите и амбалажата за производите е многу важен за добивање на константно добар квалитет и изглед на производот. 

 

  

 

Маркетинг координаторот, Душица Неделкоска, пак, ги запозна средношколците со работата на компанијата и производниот асортиман.

 Идните фармацевти се почестија и со производи на „Витаминка“. 

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.

Наумоски почесен претседател

Претседателот на Одборот на директори на Витаминка Симон Наумоски е назначен за почесен претседател на УО на регионална канцеларија на Стопанската комора во Прилеп.

Финансиска помош за херојот Марко

Витаминка АД Прилеп издвои финансиска помош за подобри резултати на 12 годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро.