Ученичка посета на Витаминка

Деновиве беше реализирана уште една ученичка посета во просториите на Витаминка. Овој пат од страна на учениците од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, од трета година, насока Техничар нутриционист, Хемиско-технолошка струка.  Нивната едукација и практична настава се одвиваше во лабораторијата каде што од страна на Олга Ристеска и Верица Кочовска им беа објаснети и демонстрирани процесите кои што се задолжителни и дел од секојдневната работата на хемиската лабораторија.





Беа направени неколку испитувања за квалитетот на некои суровини, а учениците беа запознати и со дел од правилата на испитување на суровините, полупроизводите и амбалажата.





Силва Цветаноска, пак, технолог ги запознаа учениците со технологијата на правење чоколада и составот на чоколадото.

Посетителите беа почестени и со производи на Витаминка.

Монографија „60 години Витаминка“

Монографија „60 години Витаминка“ – публикувано сведоштво за растот на Витаминка

Брилијант Омега 3 во продажба

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места.

Витаминка на Интерфуд&Дринк-Софија

Витаминка се претставува на саемот Интерфуд & Дринк во Софија