Стикери за Viber

Прилепска Витаминка создаде свои Viber стикери за брендовите Стоби Флипс и Чоко Стоби Флипс. Вкупно 29те стикери изразуваат различни забавни и емотивни ситуации кои што можат да се употребуваат во секојдневната комуникација на корисниците без разлика на возраста и стилот на комуницирање. Со ова, најпознатиот македонски бренд стана достапен и активен и во виралната сфера.
 
„Секогаш се стремиме кон следење на трендовите и навиките на корисниците, посебно во воспоставување на интерактивен однос со сите групи потрошувачи. Затоа, насоката по која ги развиваме нашите брендови кореспондира и со потрошувачите, но и со самиот идентитет на брендот и неговите особености. Така, ова е нова и следна фаза во растење и развивање на двата бренда. Стоби Флипс и Чоко Стоби Флипс стикерите ги создадовме со една вообичаена и често користена комуникација, прилагодена на наш јазик, форми на поздравување и општење што се вклопува во секојдневието, но истовремено дава една забавна и интересна нота“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.
 
Со создавањето на свои Viber стикери Витаминка стана една од неколкуте македонски компании што имаат јазично - локални релевантни стикери. Како интересен, динамичен и над сè креативен начин за комуницирање, Viber стикерите сè повеќе се користат и надвор од границите на пријателската комуникација.
 
Viber опцијата е една од најпопуларните мрежи за комуницирање во Македонија и има голем број локални корисници кои што секојдневно испраќаат текстуални пораки и телефонски разговараат со пријателите. На глобално ниво, минатата година биле споделени 26 милијарди стикери помеѓу корисниците на Viber во целиот свет. Тие се доста видливи, интерактивни и популарни, особено помеѓу помладата публика која што често ги користи како замена за популарни фрази но и забавна комуникација.
 
29те Viber Стоби Флипс и Чоко Стоби Флипс стикери достапни се за спуштање на следниот линк: http://stickers.viber.com/pages/stobiflips_mk

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.

Владо Јаневски со нов видео запис

Поддршката од Витаминка за Владо значеше повторно враќање на музичката сцена и заеднички настап на двата најсилни македонски бренда.