Стоби флипс 40 години насекаде

Стоби флипс слави 40 години, брендот којшто во 1978 година за првпат беше произведен во прилепската компанија Витаминка. Под мотото „Стоби флипс 40 години насекаде“ со многу активности во текот на целата година, компанијата ќе покаже како се создаваше и растеше најсилниот бренд во Македонија, што претставува за потрошувачите и какво значење има за компанијата и пазарот.

Секоја идеја може да биде вредна и да даде резултати, доколку се работи на неа и се вложи во нејзината реализација. Тоа го потврдува денешниот статус на Стоби флипс, 40 години континуиран квалитет на најпрепознатливиот македонски бренд. Стоби флипс, носи голема  вредност и за компанијата, затоа што со својата експанзија придонесе за растот на Витаминка. Сепак, најголемата вредност е значењето за потрошувачите што го има и довербата во брендот што постојано расте и се зголемува“, изјави Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на Витаминка.

Покрај збогатувањето со нови големини и вкусови, растечката популарност на Стоби флипс, наметнува зголемување на неговото производство, предизвик на којшто Витаминка во целост може да одговори.

Растењето на популарноста на домашниот пазар, подеднакво е следено со пласирање на странските пазари и зголемување на продажбата. Денес Стоби флипс е присутен на пазарите во уште 40тина земји од целиот свет. Бројот на земји каде е присутен постојано се шири и од година во година расте, што е резултат на неговиот висок и постојан квалитет.

Кампањата за одбележување на 40годишниот јубилеј на Стоби Флипс, започна со лансирањето во вселената, со што стана првиот македонски бренд кој го освои и овој простор.

 

Започна производството на Брилијант

Витаминка, по преземањето на штипски Брилијант го рестартира производството на познатиот бренд. За таа цел, во погоните во Штип повторно се ангажирани околу 70 поранешни вработени.

Стојковска избрана за жена менаџер

Агенцијата Марили по 22ри пат ги избра 10те најуспешни жени менаџерки на Македонија. Меѓу десетте најуспешни и храбри жени е и Наташа Стојковска, Директор на набавка и логистика во Витаминка.

Ученичка посета на Витаминка

Деновиве беше реализирана уште една ученичка посета во просториите на Витаминка. Овој пат од страна на учениците од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп.