Стоби флипс во роденденско пакувaње

Со издавање на специјалното роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд. Роденденската едиција со стилизирана бројка 40 е наменета за 40грамската, прва амбалажа на овој производ и на оригиналниот вкус.

 

Издавањето на роденденското пакување е важно затоа што покажува дека изгледот на Стоби флипс во изминатите 40 години не се изменил, исто како што остана ист и препознатливиот вкус и квалитет.  Вкусот и квалитетот се најважните карактеристики што го направија Стоби флипс бренд број 1 кај повеќе генерации потрошувачи.
 
Роденденскиот Стоби флипс е достапен на полиците во продажните места насекаде низ државата.

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.

Наумоски почесен претседател

Претседателот на Одборот на директори на Витаминка Симон Наумоски е назначен за почесен претседател на УО на регионална канцеларија на Стопанската комора во Прилеп.

Финансиска помош за херојот Марко

Витаминка АД Прилеп издвои финансиска помош за подобри резултати на 12 годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро.