Студентска посета на Витаминка

Петнаесетина студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска ја посетија Витаминка. Студентите беа пречекани од Координаторот за ПР и пропаганда на компанијата Душица Неделкоска, која ги запозна со историскиот развој на овој прехранбен гигант во Македонија и регионот, со промотивните активности и новите производи кои излегоа на пазарот последните неколку месеци, како и со структурата на вработените во компанијата и организациската поставеност.

Студентите ги посетија магацините во Витаминка каде шефовите на магацините Боге Тошески и Раде Јорданоски ги запознаа со логистичките активности на компанијата, со начинот на прием, складирање и подготвување на готови производи со сите дополнителни логистички податоци за следливост и контрола на процесот.

Петар Стојковски, шеф во сектор Извоз, се осврна на  логистичкиот пат на сите влезни и излезни инпути во Витаминка. Тој на студентите им го објасни „патот“ на производот од создавање до испорака во странство, а се осврна и на постојаната контрола на суровините, полупроизводите и производите во Витаминка од аспект на логистичка поставеност, управувањето со синџирот на снабдување, како и интерните комуникации.

Васко Наумоски, проект менаџер во ИТ одделот ги запозна студентите со ЕРП систем, начинот на обележување на логистичките податоци во магацините и на палетите, говореше за алатките за следливост и контрола на процесот на прием и движење на инпутите во фабриката, како и за ЕДИ системот за електронска размена на информации.

Студентите вкусија и дел од широкиот асортиман производи на Витаминка.

Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка

Најталентираните креативци, учесници на конкурсот за најдобар цртеж во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, беа во посета на Витаминка, изворот на нивните задоволства.

Витаминка на Интерфуд 2017

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.