Stobi flips najjači brend

Според анализата спроведена од Валикон, компанија што ја мери јачината на брендовите за широка потрошувачка, Стоби флипс на Витаминка е најсилен македонски бренд за 2014 година.Вредноста на Стоби флипс е измерена во неколку категории, како: препознатливоста на брендот, лојалноста на купувачите, перцепираниот квалитет и асоцијациите врзани за брендот.

Интересен податок за ова истражување е тоа што во ранг листата на 5-те најјаки брендови, покрај Стоби флипс, присутен е само уште еден македонски бренд. Соодветно на тоа, македонските потрошувачи својата доверба ја даваат само на вистински докажаните и потврдени со квалитет брендови.

Стоби флипс за првпат е произведен во мај, 1978 година, како првата вкусна крцкава ужинка, наменета за сите генерации. Витаминка има произведено неколку милијарди кесички Стоби флипс и секоја од нив го има истиот неодолив вкус на кикирики. Од компанијата постојано го унапредуваат производот, но никогаш во насока да се промени вкусот, туку во насока на подобрување на квалитетот. Покрај основниот Стоби флипс вкус, компанијата во 2004 година ја продолжува извонредната програма со создавање на уште неколку вкусови под истиот бренд. Најпрво излегуваат Стоби флипс – пица и сирење, а потоа следува и проширување на линијата на снекс производи со ново подбренд име – Стоби рингс и Стоби стикс. Во 2012 година, Витаминка ги воведе Стоби рингс со вкус на скара и павлака - кромид и Стоби стикс со вкус на хот-дог и кечап. Надополнување на приказната на Стоби флипс е и приказната за Чоко Стоби флипс.

Препознатливоста на брендот доаѓа и од дизајнот на амбалажата, кој е речиси непроменет,  па така амбалажата на Стоби флипс насекаде е препознатлива и веќе длабоко врежана во потсвеста на потрошувачите.

Компанијата Валикон е специјализирана во спроведување на истражувања и мерења на пазарот за широка потрошувачка (FMCG – Fast-moving Consumer Goods) на Ex-Yu пазарите. Секоја година ги публикува своите ранг-листи за потрошувачките трендови и за развојот на брендовите што се присутни во регионот.

60ti rodjendan Vitaminke

Sa više od 600 zaposlenih i njihovim porodicama Vitaminka je proslavila 60-to godišnje uspešno poslovanje na makedonskom tržištu.

Vitaminka u društvu Veličanstvenih

Vitaminka je u saradnji sa Radiom S napravila odličan projekat, 5 veličanstvenih.

60 godina sveta ukusa

Kompanija koja stvara najveći svet ukusa i koja je deo života nekoliko generacija, puni 60 godina rada, proizvodnje i stvaranja uspomena i neprocenjivih momenata.