Грижата за заедницата на Витаминка е континуиран и посветен ангажман

Општествената одговорност ја дефинира обврската на компаниите да дејствуваат во најдобар интерес на заедницата и општеството во целина. Но општествената одговорност на Витаминка оди чекор понатаму, проширувајќи ги сопствените ангажмани и обврски каде може да влијае со цел да предизвика подобрување на општата состојба или овозможување помош каде е потребна. Во целото свое постоење, Витаминка секогаш ги следела сите општествени процеси, потребите на заедницата, граѓаните и вработените и дејствувала соодветно потребите.

Нашиот ангажман како компанија што работи според највисоките етички и морални принципи, соодветствува со вредностите кои во својата основа ја имаат хуманоста и солидарноста.  Во нашата опсежна општествена одговорност се опфатени социјалната компонента, помошта за граѓани што се во неповолна социјална состојба, здравствени и социјални јавни институциите, но и образовни.

Донации на „Витаминка“ АД Прилеп во 2020 година:

За време на периодот од отпочнување на кризата со COVID-19 па досега, на Министерството за здравство му се донирани: мединска опрема, медицински потрошен материјал, средства за дезинфекција, PCR тестови за COVID-19 и друго, во вредност од 1.732.510 денари;

Помош за различни здраствени установи, а согласно нивните индивидуални потреби и барања во вкупна вредност од 727.176,00 денари:

  • На вработените во Инфективна клиника Скопје им се подарени пакети со прехранбени производи од нашата програма;
  • На Здравствен дом Прилеп му е донирана медицинска опрема;
  • на Центарот за јавно здравје во Прилеп му е дониран потребен инвентар;
  • На Градска болница Прилеп и се донирани заштитни маски;

Помош за неколку општини, а согласно нивните индивидуални потреби и барања во вкупна вредност од околу 735.000,00 денари:

  • На Општина Прилеп и се донирани средства за дезинфенција;
  • На Општина Штип и се донирани прехранбени производи;
  • На Општина Кавадарци и се донирани прехранбени производи;
  • На Општина Крушево и се донирани производи за социјално ранливи категории на граѓани;
  • На Општина Центар Скопје и се донирани прехранбени производи;

Помош за ранливите групи граѓани преку донации на финансиска помош, средства или производи доделена преку невладини, хуманитарни и верски организации во вкупна вредност од 2.281.908,00 денари:

  • На Хуманитарната организација Св. Спас и се донирани прехранбени производи;
  • На манастирот Св. Јован Бигорски му се донирани прехранбени производи;
  • На Невладината организација Подај рака за спас и се донирани прехранбени производи;
  • На Заспав гладен од Прилеп и се донирани производи од Витаминка;
  • На платформата Сите сити – Ајде Македонија со кои имаме годишен договор за донирање на наши производи, направена е нова донација;
  • На здружението Љубезност Скопје му се донирани прехранбени производи;
  • На црквата Св Благовештение Прилеп и се донирани производи за социјално ранливи категории;
  • На Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака од Прилеп и од Штип, на Дневен центар за лица со церебрална парализа и аутизам од Прилеп и Здружение Сплотени срца од Штип им се донирани пакети производи;
  • На Дневен центар за лица со посебни потреби Ѕуница Прилеп им се донирани прехранбени производи;
  • За кампањата Спортисти против корона се донирани прехранбени производи;
  • На Здружението за поддршка и помош на социјално исклучени и сиромашни лица „Храна за сите – БХМ“ Скопје му се донирани прехранбени производи;

Спонзорства на „Витаминка“ АД Прилеп во 2020 година:

  • ЖК Деспина Прилеп
  • Џудо федерацијата на РСМ и џудо клубови
  • Перформансот Слики, музика, вино и зачини на Тавитјан Брадерс
  • Цевитана алпскиот куп на Аск Скади Скопје
  • Серијата Зоки Поки на Кино око Скопје
  • Етнос, меѓународен фолклорен фестивал 

Однос кон вработени:

  • По повод Велигденските празници на 15 и 16.04.2020 г. ПИ Витаминка традиционално на своите вработени им додели пакети со сувомеснати производи.