Брилијант

Рафинираното сончогледово масло за јадење БРИЛИЈАНТ е богато со есенцијална масна киселина (линолна) и е меѓу најдобрите извори на природен витамин Е (токоферол), што го прави едно од најквалитетните масла за јадење. Витаминот Е е моќен антиоксиданс, што значи дека ги штити клетките на телото од оштетувања што се резултат на изложеност на загадувачите на животната средина, а исто така му помага на Вашето тело да создава црвени крвни клетки, односно го одржува функционирањето на циркулаторниот систем.

Состав

Гарантиран квалитет

За производство на „Брилијант“ користиме најсовремена технологија, автоматизиран и оптимизиран процес кој му обезбедува константен квалитет на маслото. Полнењето и пакувањето се вршат комплетно под заштита на инертен гас, што му овозможува на маслото голема стабилност и долг рок на употреба.

Еко-амбалажа

Сите масла на Брилијант ги полниме само во еколошки ПЕТ-шишиња.

Водечко масло за јадење според потрошувачите во Република Македонија, според сите карактеристики*

Сите масла се полнат само во еколошки ПЕТ шишиња и се пакуваат во следниве амбалажи:

– артикл од 1 л – во пластична фолија по 12 шишиња;

– артикл од 5 л – во картонска кутија по 4 шишиња;

– рефус рафинирано сончогледово масло – се испорачува само во амбалажа на купувачот.

Технологија на рафинирање

За рафинирање на растителните масла се користат најсовремените научни достигнувања. Целта е да се зачуваат сите вредни биолошки состојки, со истовремено отстранување на оние компоненти кои го намалуваат квалитетот и негативно влијаат врз органолептичките својства на рафинираното масло за јадење.

Погледнете ги различните амбалажи и пакувања на слајдерот
Неодолива комбинација за сите кулинарски ремек дела