Витаминка со континуирано снабдување и непроменети цени

Витаминка АД Прилеп сака да ја информира јавноста дека изминатиов период максимално ги зајакна внатрешните процедури за заштита на вработените и производството, следејќи ги инструкциите дадени од страна на Министерството за здравство и Владата.

Здравјето и заштитата на нашите вработени и потрошувачи се наш најголем приоритет. Сакаме да испратиме јасна порака до нашите потрошувачи дека располагаме со доволна залиха на суровини и имаме обезбедено непречено снабдување со истите. И покрај зголемените трошоци за репроматеријали и нивен транспорт, цените на нашите прозводи остануваат исти и нема да се зголемат, што е и законска обврска. Потрошувачите можат да бидат сигурни во континуирано снабдување со нашите производи до продажните места.

Ова е период кој сите заеднички треба да го пребродиме, а Витаминка како општествено одговорна компанија е секогаш тука да помогне. Ви посакуваме да останете во добро здравје, да ги следите препораките и #седидома за доброто на сите.