Донација за здравствените лица

 

Во знак на благодарност за максималната пожртвуваност и посветеноста на борбата против ковид-19 пандемијата, Витаминка испрати донација до здравствените лица и вработените во две здравствени установи во земјава. Донирани се пакети производи од компанијата за сите 255 вработени на Инфективната клиника во Скопје а исто таква донација е доставена и за 36 вработени на Инфективното одделение во прилепската болница.

Дополнително, во духот на претпразничната традиција, за децата на здравствениот персонал во двата медицински центри, компанијата обезбеди и новогодишни пакетчиња.