Витаминка во своето повеќе од 60 годишно постоење го создаде најголемиот свет на вкусови во Македонија и претставува составен дел од животите на неколку генерации, полни со спомени и бесценети моменти.

Успешната приказна на Витаминка започна пред повеќе од 60 години. Во 1956 година во Прилеп е основана како компанија за црвен мелен пипер. Производство на само еден производен асортиман беше доволно за цели 18 години успешно работење, се до 1974 година.

Амбицијата на тимот што застана позади Витаминка придонесе за остварување и реализирање на зацртаната идеја – компанијата да го зголеми својот производен капацитет. Од фабрика за производство на мелен црвен пипер, Витаминка со новата бизнис стратегија започна да го гради својот пат кон успехот, прераснувајќи во компанија лидер во прехранбената индустрија на македонскиот пазар. Со зацврстувањето на позицијата на домашниот пазар, паралелно и интензивно растеше и присуство на странските пазари каде што моментално пласира околу 47% од своето годишно производство во околу 30 земји во светот.