Креативноста не зближува со нашите потрошувачи во време на криза

Во екот на пандемијата на COVID-19, здравјето и безбедноста на нашите потрошувачи се поважни од било кога. Како општествено одговорна компанија, Витаминка своето внимание го насочи кон поддршка и промовирање на мерките за заштита.

Ограничената интеракција претставува предизвик за сите нас, но со малку креативност можеме да најдеме начин да останеме заедно дури и кога мора да се оддалечиме еден од друг.

Најдобар метод да се заштитите себеси и најблиските е да седите во сопствените домови, а доколку мора да излезете надвор, задолжително земете пример од новото привремено лого на Витаминка: оддржувајте меѓусебно растојание од најмалку 2 метри, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Следејќи ги инструкциите дадени од страна на Министерството за здравство и Владата, Витаминка изминатиов период максимално ги зајакна своите внатрешни процедури за заштита на вработените и производството. Здравјето и заштитата на нашите вработени и потрошувачи се наш најголем приоритет, затоа следете ги препораките и останете дома.