Помош од Витаминка за граѓаните на Хрватска

Со желба да помогне во тешките моменти кога граѓаните на Хрватска подолго време се соочуваат со земјотреси и последиците, Витаминка испрати хуманитарна помош за семејствата од погодените региони. Донацијата се состои во пакети со производи што се потребни и неопходни посебно во овој период. Целата акција, иницирана од Витаминка беше спроведена во координација со Хрватската амбасада, а донираните производи се доставени до Црвениот Крст на Хрватска во Глина од каде ќе бидат распределени до семејствата и граѓаните што имаат најголема потреба од помош.