Витаминка дел од средбата на бизниси од Централна и Источна Европа

Врвни европски малопродажни синџири и дистрибутери се на дводневна средба во Будимпешта, Унгарија со добавувачи на прехранбени производи од истиот регион, каде што со свој претставник е присутна и Витаминка.
Целта на средбата е да се најдат нови брендови и производи потребни за меѓународна дистрибуција на големите ланци и брендови.

На годинешната средба се застапени повеќе категории, од кои во голем дел Витаминка има свои производи, како; закуски, зачини, кондиторски производи, додатоци за храна, суви намирници како и бебешка храна, конзервирана храна, млечни производи, сезонски производи и замрзната храна

Следејќи ги новите трендови во исхраната, од големите малопродажни синџири се повеќе се бараат производи специфични гурмански, етнички, здрави, органски – био и растителни.

Ваквитe средби меѓу бизниси се одличен начин за проширување на извозот, поврзување со водечките купувачи или за истражување на можностите и капацитетите на поширокиот пазар.