Витаминка такси во Охрид

Производите на Витаминка стигнаа поблиску до своите потрошувачи и се дел од вистинска атракција на охридските плажи. Станува збор за дневен настан, кој е дел од новиот проект на охридските Тамаро маркети и Супер радио во соработка со Витаминка и се одвива во текот на летниот период.

Со избрендирано во боите на Витаминка, возило Рено 4, Тамаро и Супер радио секоја недела посетуваат некоја од познатите и најпопуларните охридски плажи каде на заинтересираните летувалци и туристи познатиот водител Жанко ЗШ Голабоски,  им дели од вкусните  производи на Витаминка, Стоби Флипс, Чоко Стоби флипс, Магнус, Цевитана и слично.

Ваквата акција внесе вистинска свежина во и така забавното лето во Охрид, а летното Витаминка такси е вистинска атракција на охридските улици, на плажите и каде и да се појави предизвикува големо внимание. Летното Витаминка такси, е посебно затоа што еднаш неделно за сите кои ќе го застанат возилото во вечерните часови, се возат бесплатно до саканата дестинација, а притоа исто така си добиваат и многу Витаминка производи. Проектот се одвива во текот на месеците јули и август.